18+: Голата Деми Ловато ги покажа своите облини
Деми Ловато одлучи целосно да се разголи, да ги покаже облините и колку се гордее со нив.
Американската пејачка со серија провокативни фотографии го најави излегувањето на нејзиниот нов албум "Confident".
Без шминка, без облека и фотошоп - се трите правила со кои се раководеа пејачката и фотографот во текот на снимањето на промотивните фотографии за албумот "Confident".
Деми се разголи пред објективот на Патрик Еклишин, официјален фотограф на магазинот „Венити Феар“, а позирањето без грам шминка и бе обелка пејачката го образложи на следниот начин:
-Ако нешто научив тоа е дека животот е краток. Наскоро ќе излезе мојот нов албум за кој можам да кажам дека во најголема мерка покажува која сум јас всушност. Покажува како го прифатив новото поглавје во својот живот, која сум всушност и што за мене значи да бидам сигурна во себе, изјави пејачката за „Венити Феар“ и додаде:
--Да се биде сигурен во себе значи да се биде автентичен и да немаш проблем да кажеш: „Ова сум јас“. Сакам да ја покажам онаа страна од себе која е реална и која е слободна. Па што ако направивме потполно природни фотографии? Испаднаа супер секси, но без обелка, шминка и фотошоп, заврши пејачката.
Ново на Сител
-
Крушевчанец возел со 1,81 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава