-->
-->
18-годишно момче загина во Охрид откако со „пежо“ излетал од патот кај „Елешец“
-->
18 годишно момче го загуби животот, а 16 годишник е тешко повреден откако со автомобил излетале од регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“.
Несреќата, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, се случила синоќа во 01:15 часот, кога автомобилот „Пежо“ кој го управувал охриѓанецот Д.Ц. (18) излетал од патот.
-Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди, вели Димоски.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
