-->
-->
18-годишно момче итно пренесено на Ургентен
-->

Синоќа околу 22,35 часот од Ургентен центар-Мајка Тереза било пријавено дека кај нив е донесен 18-годишниот С.Д. од Скопје со убодна рана од нож во пределот над срцето. По кажување на неговиот родител настанот се случил во Скопје на ул.„Христо Татарчев“, на автобуска постојка каде оштетениот бил пресретнат од страна на три непознати лица, кои без повод и причина почнале да му упатуваат пцовки и закани по што едно од лицата со нож му нанел убодна рана (расекотина).
С.Д. телефонски за настанот го известил неговиот татко, кој го однел во Ургентниот центар, каде му била констатирана телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
