-->
-->
18-годишната пациентка која почина од Ковид-19 била бремена
-->
Во дневниот билтен на Министерството за здравство за состојбата со короновирусот, денеска беше соопштено дека меѓу 31 смртен случај регистрирани во изминатите 24 часа е и лице на 18-годишна возраст од Гевгелија.
Според неофицијалните информации, пациентката била бремена.
Овие информации не ги потврдуваат од Министерството за здравство, но велат дека таа имала повеќе хронични заболувања.
Таа побарала лекарска помош во доцна фаза од развојот на симптомите, односно била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба.
Според епидемиолошката анкета, целото семејство било позитивно на Ковид-19, а младата девојка не била вакцинирана.
Покрај 31 смртен случај, во изминатите 24 часа ресорното Министерство информира и за 256 новозаразени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај