Македонија
30. July 2020 - 17:05

18-годишен скопјанец пријавил дека непознати лица со пиштол му упатиле закани по живот

На 29.07.2020 во 22.16 часот во СВР Скопје, А.Ш.(18) од с.Долно Коњари, скопско, пријавил дека во „Парк на светлината“ на ул.„Васко Карангелевски“, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Е. и неколку непознати лица, од кои едно со пиштол му упатило закани по живот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.