17 годишно дете со аутизам врзувано со синџири во психијатријата во Демир Хисар - Со какви проблеми се соочуваат родителите на овие деца?
17 годишно момче со аутизам било врзувано и тепано во психијатриската болница Демир Хисар оти било агресивно. Неговата мајка низ солзи раскажува дека детето таму го однеле пред еден месец, а вчера си го земале дома во многу лоша состојба и со рани по целото тело. Дури не можело да стои на нозе.
Според познавачите, болницата во Демир Хисар не е наменета за лица со аутизам. Психилог Николовска која и самата е мајка на аутистично дете вели дека проблемите со кои се соочуваат овие лица се многубројни, но осноното е немање дневни центри со стручни лица.
Од психијатриската болница велат: Лекувањето е согласно медицина базирана на докази и во текот на третманот се бележеа одредени ситуации за кои е неопходно физичко ограничување. Истите се изведуваа согласно протоколите.
На ист став е и министерот за здравство Меџити.
Народниот правобранител летово рече дека состојбата на установата во Демир Хисар е катастрофална, оти нема хигиена, туку има насилство и повредување и тоа со опрема за врзување и тортура на пациентите.
-
Мартин Арсов
Сите содржини од овој новинар