17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип

На турскиот државјанин Кадир Кара, кој призна вина за убиството на негов сонародник во кафуле на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип му е изречена казна затвор од 17 години и протерување од државата, откако ќе ја издржи казната во македонски затвор.
Портпаролот на Основниот суд во Штип, Сашко Георгиев денеска информираше дека по рочиштето на 19 декември 2025 година во Основниот суд во Штип, на кое Кара призна вина, судот ја има донесено оваа одлука за извршено кривично дело убиство и неовластено држење на оружје.
Инаку денеска во штипскиот Основен суд во Штип продолжи судењето за останатите четири лица, кои се обвинети дека му помагале на Кара да го изврши убиството на турскиот државјанин. Во судницата денеска се изведуваа докази, а судскиот процес за обвинетите продолжува на 20 јануари во 10:30 часот.
На 8 мај 2025 година во угостителски објект на плоштадот „Слобода“ во Штип беше убиен турски државјанин. Според обвинителниот предлог по убиството обвинетиот со помош на четири лица се обиде да избега, но беа фатени на наплатна рампа на автопатот „Гоце Делчев“, односно од Штип кон Скопје.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп елиминираше двајца од најблиските сојузници на Пекинг за помалку од два месеца
-

Рана пролет годинава, во текот на денот до 17 степени
-

Нова тура ирански напади врз државите во Заливот, експлозии и сирени во Доха, Дубаи, Абу Даби и Кувајт
-

Трамп: Сите потенцијални наследници на Хамнеи се мртви
-

По нападите врз Иран скок на цената на нафтата
-

Нова војна меѓу Израел и Хезболах: Во израелски напади врз Бејрут загинаа 31 лице, луѓето масовно бегаат од градот
-

Сиљановска-Давкова: Цврсто сум убедена дека нема зошто да се грижиме во моментов
-

Британската база на Кипар погодена од ирански дрон
