15 години ја чекале својата одмазда – убиство во Италија

Како што пренесуваат италијанските медиуми, убиениот Марсело Бруцезе доаѓал од семејство кое што било поврзано со италијанската мафија.
Две непознати лица на Божиќ го убија братот на поранешен член на италијанската мафија кој што станал полициски доушник, во случај за кој што италијанската мафија верува дека бил нарачан од страна на калабриската мафија „Ндрангета“.
Марсело Бруцезе бил убиен додека се враќал дома во малиот италијански град Песаро. Полицијата верува дека убијците го чекале во близина на неговиот стан и најмалку 20 пати пукале во него.
Тој доаѓа од семејство кое што било поврзано со мафијата. Неговиот татко Доменико му бил помошник на легендарниот мафијашки бос Теодоро Креа, а бил убиен во 1995-та година во мафијашка заседа.
Братот на Марсело, Џироламо исто така се приклучил на мафијата во Рицикони, а после внатрешните конфликти во семејството, Џироламо во 2003-та година се обидел да го убие Креа, а откако сето тоа пропаднало, тој започнал да соработува со полицијата.
Креа, кој што го преживеал обидот за убиство, набрзо потоа завршил во затвор како и останатите членови на мафијата, благодарение токму на сведочењето на Џироламо Бруџезе.
Со оглед на тоа што Марсело не бил член на озлогласената мафија „Ндрангета“, се верува дека тој бил убиен како одмазда за сведочењето на неговиот брат Џироламо.
Ново на Сител
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
