Македонија
30. December 2022 - 9:23

147 санкционирани возачи во Скопје, 33 под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден (29.12.2022) МВР продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина четири санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 33 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возач почетник, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.