12 казни во Чаир за недела неработен ден
– Припадници на Единицата за интервентна полиција во координација со инспектори од Државниот инспекторат за труд, денеска во периодот 10:00 до 17:00 часот, на подрачјето на Општина Чаир извршиле контроли во објекти на ул. „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ со цел да се утврди дали работодавачите ги почитуваат законските одредби кои се однесуваат на забраната за работа во недела во оние дејности кои не спаѓаат во исклучоците утврдени со Законот за работни односи.
Како што информира МВР, од вкупно извршените контроли изречени се 12 мерки, односно издадени се осум решенија за забрана за вршење дејност во рок од 15 дена, три решенија за наредба за засновање работен однос за лица затекнати во објектите без регулиран работен однос и едно решение за опомена за регистрирање на нерегистрирана дејност.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните резултати за изборите за претседател и за парламентарните избори
-
Се вратија старите цени на полисите за осигурување
-
Тема на денот со Joван Деспотовски, СДСМ
-
ДИК ќе ги соопшти првичните официјални резултати од претседателските и парламентарните избори
-
Први реакции од Бугарија и Грција по победата на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова
-
Скромно одбележување на Денот на Европа во неискосениот владин двор
-
Избори 2024: Обработени 100% од гласовите
-
Прелиминарен извештај на ОБСЕ и ОДИХР