11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес изврши увид на местото на експресниот пат Прилеп - Градско, каде попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во која се повредени три лица.
Како што информира Јавното обвинителство, во несреќата автомобил „Фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки во остра кривина во лево изгубил контрола и излетал од патот преку претходно оштетен дел од заштитната ограда, паѓајќи околу 40 метри надолу во населено место.
Во несреќата тешко е повреден возачот на автомобилот, како и едно 11-годишно дете, кое се наоѓа во критична состојба. И двајцата поради сериозноста на повредите се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. На уште еден сопатник во автомобилот со полесни повреди му е укажана лекарска помош во велешката болница.
Јавниот обвинител издал наредби за технички преглед на автомобилот, како и за проверка на присуство на алкохол кај возачот.
Од местото се подигнати и биолошки и други траги заради натамошно постапување.
Ново на Сител
-

Трамп: Ниту една нација во светот не може да го постигне она што Америка го постигна вчера
-

Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-

Каде е македонскиот студент на мапа? | Ангела Василевска и Александар Николовски | Sitel Podcast 133
-

Пронајден планинарот по кој се трагаше на Пелистер
-

Пронајден е починат исчезнатиот Македонец Стивен Ивановски
-

ЦУК: Сообраќајки, замрзнати улици, активиран Кризен штаб по падот на температурите
-

Приведен 34-годишник од тетовско, со остар предмет му се заканувал на градоначалникот на Желино
-

УЈП: Во 2025 година во националниот буџет собрани над четири милијарди евра од даноци и социјални придонеси
