Бизнис
5. July 2017 - 19:51

10. конференција на НБРМ во Охрид

Во Македонија се подобрува инфраструктурата за прекугранични плаќања во евра со воспоставување на алтернативен канал преку македонскиот интербанкарски платен систем со кој ќе се намалат трошоците за компаниите и физичките лица.

Платежната инфраструктура е поставена како и во европските земји меѓутоа она што недостасува кај нас  е присуството на други учесници во обезбедување на платежните услуги.

Македонските банки се безбедни и заштитени од сајбер криминалот има одредена регулатива која ја уредува оваа проблематика.

На десетото јубилејно издание на конференцијата на Народна банка за плаќање и пазарна инфраструктура учествуваат експерти и и гувернери од банките од Холандија Португалија Хрватска Бугарија и Македонија.