MENI

Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград

 Двајца работници се повредени денеска, од кои едно потешко, во пожар во фабрика за погонски системи за ракети „Еде про“ во Лештани кај Белград, јави Радио-телевизија на Србија (РТС).

Пожарот избувнал на валјакот на фирмата „Еде про“. Засега не се знае степенот на повредите.

Пред три години се случи експлозија во магацин со ракетно гориво, при што загинаа двајца работници, а 16 други беа повредени.

Pages