Loading Video...
Ф1
21. November 2021 - 18:49

Зверев победник на завршниот АТП Мастерс турнир

 
Александар Зверев е победник на завршниот АТП Мастерс турнир што се одржува во Торино.
 
Германецот, потврди дека е во одлична форма откако во полуфиналето го совлада светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, а вечерва во финалето славеше над второрангираниот на АТП листата Данил Медведев од Русија. 
 
За разлика од дуелот во групната фаза, кога Зверев и Медведев одиграа маратонски меч во три сета, денеска во финалето Германецот славеше за 1 час и 16 минути, добивајќи ги двата сета со идентични 6-4.
 
Со тоа Зверев не му дозволи на Медведев втор пат во низа да го освои трофејот на звршниот турнир, на кој Германецот победи и пред три години во 2018-тата. 
 
Зверев сезоната ја завршува со шест трофеи, два повеќе од неговиот противник во финалето Медведев.