Тенис
23. August 2021 - 8:53

Зверев го победи Рублев во финалето на Мастерсот во Синсинати

Германскиот тенисер, Александар Зверев синоќа го победи Русинот Андреј Рублев во финалето на турнирот во Синсинати со 2-0, по сетови  6:2 и 6:3.

Мечот траеше еден час. Германецот направи шест аса и четири двојни грешки, а реализираше и четири брејк топки од девет. Русинот имаше 11 аса, и ниту една грешка при вториот сервис, како и една реализирана брејк-топка.

За 24-годишниот Зверев ова е трета титула во 2021 година и 17. во кариерата.

По овој триумф, Зверев се искачи на четвртото место на АТП ранг-листата, додека Рублев остана на седмото место.

И натаму, прв светски рекет е Новак Ѓоковиќ од Србија.