Loading Video...
Спорт плус
9. February 2020 - 17:10

Зутер победничка на супер-велеслаломот во Гармиш-Партенкирхен

 
 
 
 
Корин Зутер победи на супер-велеслаломската трка од Светскиот куп одржана во германскиот ски-центар Гармиш Партенкирхен.
 
25-годишна Швајцарка до својата втора победа во кариерата, а прва во оваа дисциплина стигна со 43.стотинки побрзо време од Австријката, Никола Шмидхофер, додека нејзината сонародничка Венди Холденер која го освои третото место имаше заостанување од 70.стотонки. 
 
Зутер го презеде првото место во поредокот во оваа дисциплина со 39 бодови повеќе од Италијанката, Федерика Брињоне,  која денеска заврши како петто пласирана. 
 
Италијанката не успеа да го искористи отсуството на Американката, Микаела Шифрин која викендов немаше настап поради смртта на својот татко, па разликата меѓу нив во севкупниот Генерален поредок сега е 145 бодови.