Македонија
1. March 2017 - 14:41

Зоран Заев нападнат со јајца

Автомобилот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, луксузното Ауди А8 денеска беше нападнато со јајца додека се движеше кон партиското седиште на Бихаќка.

Журнал пишува дека револтот на македонските граѓани станува се поголем, откако Заев и СДСМ во целост ја прифатија албанската платформа со  која меѓу другото албанскиот јазик ќе стане официјален на целата територија, Албанците ќе се вклучат во решавањето на спорот за името со Грција и ќе се отпочне дијалог за промена на знамето, химната и грбот на Македонија, со што директно ќе се наруши унитарноста и сувереноста на државата.