Loading Video...
Спорт плус
23. February 2018 - 16:35

ЗОИ: Освојувачи на медали на 14-ден во Пјонгчанг

Последната биатлонска трка на Олимпијадата беше машката штафета 4-пати по 7,5.км. Најбрзи и најпрецизни беа биатлонците на Шведска кои се закитија со златото, оставајќи ги зад себе Норвешка и Германија како носители на среброто и бронзата. 
 
Во дисциплината на „ски-крос“  првите две места ги освоија канадските натпреварувачки. Келси СЕРВА среброто од Сочи пред четири години го претопи во злато, оставајќи ги зад себе сонародничка ФЕЛАН и трето пласираната СМИТ од Швајцарија. Ова беше и последната дисциплина со слободно скијање на игрите, а Канада со четири злата, две сребра и еден бронзен медал, е најуспешната земја во овој спорт. 
 
15-годишната  Русинка, Алина ЗАГИТОВА го освои златниот медал во уметничко лизгање слободна програма. Таа стана најмладата носителка на злато на Олимпијадата, а воедно и на својата земја и го донесе првиот златен медал во Пјонгчанг. Сепак, Загитова не е најмладата носителка на злато во историјата на зимските олимпијади. Тој примат и припаѓа на Кореанката, Ким ЈУН-МИ која во 1994 година освои злато во брзо лизгање на возраст од 13 години и 85 дена. Добриот настап на Русинките го надополни Евгенија МЕДВЕДЕВА освојувајќи го сребрениот медал.
 
 
Кјелд Нуис од Холандија е новиот олимписки шампион на 1.000,метри брзо лизгање. За 28-годишниот Холанѓанец ова е второ злато на олимпијадата, откако првото го освои во трката на 1.500,метри.  Воедно за Холандија во брзо лизгање ова беше дури 15-тиот златен медал од вкупно 18-те колку што имаат натпреварувачите од оваа земја на Олимпијадата во Пјонгчанг. Со само 4.стротинки послабо време, до среброто стигна Норвежанецот, Лоретзен, додека домашниот јужнокорејски натпреварувач Тае-Јун КИМ ја освои бронзата. 
 

Селекциите на Русија и Германија ќе играат во финалето на  хокеарски турнир .

Русите кои на оваа Олимпијада настапуваат под знамето на Олимпискиот комитет, го добија првиот полуфинален меч, совладувајќи го големиот ривал Чешка 3-0. Со тоа по пауза од 20 години Русите ќе имаат можност да се борат за златниот медал, за кој против себе ќе ги имаат хокеарите на Германија кои во вториот полуфинален меч направија изненадување со победата над Канада со 4-3.