Живот
1. јуни 2018 - 19:26

Змиите се будни и се поактивни: Како да постапите во случај да ве касне Поскок

Змиите се најактивни на пролет, и најразмрдани се на температури од 24 до 28 степени целзиусови.

Опасни се доколу ве кане некоја отровница, а Поскок е една таква змија.

Првите симптоми после угризот се болка и оток.

Потоа забрзано се шири и може да ја зафати целата нога или рака, зависи каде е угризот, а се јавуваат и несвестица, повраќање, а понекогаш и плускавци на местото на угризот.

Ако се случи вакво нешто и имате некои од симптомите веднаш упатете се во најблиската болница.Всушност многу доктори се сложуваат дека опасноста од змијскииот отров е токму алергиската реакција. Замотајте го местото со завој и упатете се кон болница.

Никако не пробувајте да го исцицате отровот, или да ја стегнете раката или ногата. Доволно е само раната да ја преврзете. Никако немојте ни да ја одмивате со алкохол, со тоа само го забрзувате ширењето на отровот.