Спорт плус
2. October 2022 - 21:10

Злато за Георгиевски на Г2 турнирот во Тирана

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г2 турнирот „Албанија опен“.

Георгиевски до златото дојде со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од Светското првенство Иван Трајковиќ од Словенија.

Покрај Георгиевски, медал во Тирана освои уште еден Македонец. Филип Додевски со две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Сулејманов од Азербејџан дојде до сребрениот медал.

„Одиме во Париз 2024 со сите македонски срца“, напиша на Фејсбук тренерот Драко Костовски.