Живот
1. May 2017 - 22:04

Златна маска на Дарт Вејдер

Токиската златарница „Гинза Танака“ по повод 40-годишнината од излегувањето на првиот филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ направи маска на Дарт Вејдер од 24 каратно злато и ја понуди на продажба за 154 милиони јени (1,4 милиони долари).

Маската е широка 26,5 и висока 30 сантиметри. 

Златарница „Гинза Танака“ наведува дека маската не може да се носи бидејќи тежи 15 килограми и нема отвор за главата.

Истата златарница во 2013 година направи божиќно дрво со ликовите на Волт Дизни, кое чинеше 500 милиони јени (4,5 милиони долари).