Џет-Сет
8. September 2019 - 11:04

Златен лав за „Џокер“, сребрен за Полански

Мрачната драма „Џокер“ за потеклото на тој злобен лик освои Златен лав на филмскиот фестивал во Венеција, додека воената драма на Роман Полански „Офицер и шпион“ доби Сребрен лав.

Режисерот на победничкиот филм Тод Филипс им се заблагодари на продуцентите што имале сила да излезат од зоната на комфорот, но исто така и на актерот Хоаким Феникс за неговиот „луд талент“.

Наградата за најдобра актерка и припадна на Французинката Аријана Аскарида за улогата во филмот „Глорија мунди“, а наградата за најдобар актер му припадна на Италијанецот Лука Маринели за неговата улога во „Мартин Идн“.