-->
-->
ЖРК Вардар на крајот од сезоната останува и без Херем
-->
Норвешката ракометарка Камила Херем на крајот од сезоната го напушта тимот на Вардар, откако спогодбено е договорен прекин на соработката.
Херем дојде во Вардар пред почетокот на сезоната како засилување на позицијата лево крило. Според договорот таа требаше да остане во Скопје најмалку две сезони.
Досега постигна вкупно 33 гола во лигата на шампионите, најмногу на дуелот со Астраханочка, пет во Скопје. На двете четврт-финални средби со Митјиланд, Норвежанката постигна два гола, двете на гостувањето во Данска.
- На барање на Херен, спогодбено е раскината соработката откако таа изрази желба за враќање во татковината. Ние ја почитуваме нејзината одлука и ѝ посакуваме успех во кариерата, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
„Црвено-црните" сезонава по четврти пат ќе играат на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите. Во полуфиналето ривал е екипата на ЧСМ Букурешт, актуелниот европски првак.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречен шверц на цигари скриени под тапацир на камионска кабина
-
Мицкоски за реакциите на поранешните членови на Историската комисија: Ќе видиме каде се трошеле парите
-
Утре дожд и грмежи, од недела опаѓање на температурите
-
Мицкоски: Бранителите ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка
-
Руските сили ноќеска го гаѓаа Киев со дронови
-
Покровск остана без вода и гас
-
Регулаторна и Енергетика се пожалија: Нетипично скапа струја во регионот
-
Украл телефон и пари од жена, приведен разбојник од струмичко