Жрепка за завршницата во европските купови денеска во Нион
Жрепката со која ќе бидат одредени паровите за четвртфиналните и потенцијалните полуфинални дуели во Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига ќе се одржи попладнево во седиштето на УЕФА во Нион.
Програмата започнува во 12 часот кога на распоредот е жрепката во елитното европско клупско натпреварување, по што следуваат ждрепките во Лига Европа, од 13 часот, и во Лигата на конференции од 14 часот.
Првите четвртфинални натпревари во Лигата на шампиони се на програмата на 11 и 12 април, а реваншите на 18 и 19 април, додека четвртфиналните пресметки во Лига Европа и Конференциската лига ќе се играат на 13 и 20 април.
Финалето во Лига Европа ќе се игра на 31 мај во Будимпешта, финалето во Конференциската лига на 7 јуни во Прага, додека финалниот натпревар во Лигата на шампиони е на програмата на 10 јуни во Истанбул.
Лига на шампиони, четвртфиналисти: Интер, Наполи, Челзи, Манчестер сити, Бенфика, Баерн Минхен, Реал Мадрид.
Лига Европа, четвртфиналисти: Севиља, Јувентус, Манчестер јунајтед, Феенорд, Унион Сент-Жил, Баер Леверкузен, Рома, Спортинг.
Лига на конференции, четвртфиналисти: Гент, Фиорентина, Лех Познањ, Аз Алкмар, Вест Хем, Ница, Андерлехт, Базел.
Ново на Сител
-
Семејствата на настраданите во Кочани на протест пред јавното обвинителство во Скопје
-
Пратениците расправаат за интерпелација на министерот Тошковски
-
Николоски: Предвремени избори нема да има
-
СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски лично се јавувал за неговиот брат да не биде казнет?
-
Мерката замрзнати маржи истекува утре, ако цените растат владата ќе донесе нови мерки
-
Наумоски: Концесијата нема да ги заштити ендемичните риби
-
Преглед на вестите од светот
-
За 100 евра месечно поскапе сместувањето во државни старечки домови