Бизнис
20. November 2019 - 16:37

Жителите на Маџир маало одбиваат Општина Центар да го претвори во „Лас Вегас“

-Не може Маџир маало кој е исклучиво наменет за домување да го правите Лас Вегас.

Жестока расправа на презентацијата на предлог Деталниот урбанистички план за Маџир маало во општина Центар. Жителите тврдат дека на приватни парцели општината планира да се изградат пет хотели до кејот на Вардар. Гневни се бидејќи ќе се загуби автентичниот изглед на едно од најстарите маало во Скопје.

-На површина од 7 хектари вие изведувате до мостот и наваму пет хотели. Од другата страна не знам уште колку. Не смеете да правите Лас Вегас. Треба да ги удоволите потребите на граѓаните на Маџир маало, рече еден од жителите на Маџир маало.

Дел од жителите се заканија и со кривични пријави до општината и до проектантите на предлог-ДУП-от.

-Од ова ќе направиме, ако не се вратите на старите решенија ќе направиме мега-скандал. Сите ќе одоговарате, до еден. Секој кој ова го предложил ќе одговора кривично.

Општинските власти на жителите им објаснија дека ДУП-от е проектиран согласно Генералниот урбанистички план. Побараа од нив да поднесат анкетни листови каде ќе наведат не сакаат да се на овие парцели да се градат хотели.

-Во анкетните листови ќе напишете за ние како општина кога сме повикани како општина за Генерален план да зборувам, да имаме основ што да однесеме и да кажеме жителите овде не ја сакаат намената „Б“ што ја предвидувате. Ќе ги имаме сите ние документи кај нас и јас лично кажувам дека ќе ги доставиме до градот, вели Билјана Наскова од сектор за урбанизам на општина Центар.

До 26 месецов жителите можат да поднесат анкетни листови. А до крајот на годината би требало Советот на општина Центар да гласа предлог ДУП-от.