Жестоки и бурни реакции во јавноста за одлуката на СЈО да го помилува Заев: „Вие сте срам за правдата“
Одлуката на СЈО да го помилува лидерот на СДСМ Зоран Заев и да го повлече обвинението за случајот „Пуч“ предизвика жестоки и бурни реакции во јавноста.
„Како не ви е срам“, „Професионалноста што ја имате е нула“, „Сега е веќе очигледно дека сте на една страна, срамота за правдата“, „Срамота, колку ви ги наполнија џебовите?“, се дел од реакциите на револтираните граѓани.
Тие доаѓаат откако Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот Пуч во кое еден од обвинетите е Заев.Јанева и СЈО откако претходно го ослободија од притвор Зоран Верушевски, сега тргнаа да го извлекуваат и Заев.
Скандалозната и срамна одлука на СЈО не е ништо неочекувано за оние кои го следеа судскиот процес. Заев практично и не се појави во судница наоѓајќи разно разни апсурдни и комични оправдувања за одложување на рочиштата, бегајќи од соочувањето со правдата. За цело време вршеше и притисок врз судот нарекувајќи го контролиран од раката на власта, кога вистината е спротивна: токму тој во координирана акција со СЈО бега од лицето на правдата, односно е спасуван и извлекуван како што е тоа случај и сега во оваа втора амнестија за Заев.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар