Жерновски потврди дека нема да се кандидира за градоначалник на Центар
Актуелниот градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска потврди дека нема да се кандидира за градоначалник на следните локални избори и оти ќе се ангажира на централно ниво за што, како што посочи, разговарал со премиерот Зоран Заев.
- Таа одлука ја донесовме заеднички. Овој градоначалнички мандат никогаш нема да го заборавам. Тоа беше мандат исполнет со турбуленции, притисоци, уцени. Тоа беа најтешките, но и најубави години во мојот живот, изјави Жерновски.
Тој додаде дека не разговарале конкретно со премиерот Заев на која позиција ќе биде назначен, туку само разговарале дека ќе учествува во централната власт.
- Сметам дека можам да помогнам со моето искуство, затоа што имам искуство и од таа власт. Се надевам дека тоа ќе биде успешна промена, затоа што локалната власт секогаш ќе ми остане во срце и не кријам дека можеби некој ден повторно ќе бидам на ваква или на некоја слична фукнција, истакна Жерновски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Жерновски рече дека без разлика кој ќе биде кандидат за Центар, ќе ги повика приврзаниците да гласаат за опцијата која носи добро во Македонија и оти одлуката да работи на централно ниво е затоа што се гледаат промените кои настануваат во државата.
- Македонија конечно оди напред. Таа поддршка од центарци никогаш нема да ја заборавам и останувам отворен секогаш за контакт со моите сограѓани. Секогаш кога ќе можам ќе помогнам. Договоривме со премиерот да помагам во работата на идниот градоначалник. Тој секако ќе си има своја програма, но и со моето искуство и проектите кои ги започнавме и се гордееме, да продолжат понатаму, рече Жерновски.
Ново на Сител
-
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-
На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути
-
Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет
-
Во иранскиот град Омдије измерени 49,6 степени, на Антарктикот- минус 74,2 степени
-
Најмалку 73 лица се убиени во Газа додека чекале да добијат храна, соопшти палестинското Министерство за здравство
-
Запленета поголема количина цигари без бандероли и дробен тутун во Тетово, приведено едно лице
-
Акциска контрола во винички угостителски објекти, приведено едно лице, затекнати и малолетници
-
Прифатено и второто обвиниение за Васев