-->
-->
Жерновски: Добра вест од Шпанија
-->

Добра вести од Шпанија, напиша денеска на својот Фејсбук профил, заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски, кој истакна дека се одржа конститутивната седница на Долниот дом на Парламентот на Шпанија, со положување на свечена заклетва на новите пратеници.
-Со 166 гласови во вториот круг на гласање, Меричел Батет е реизбрана за претседател на Конгресот, а веднаш започна и формирањето на парламентарните комисии. За нас, во контекст на последната ратификација на Пристапниот протокол за Република Северна Македонија во НАТО, ова е исклучително добра вест. По вчерашниот НАТО Самит во Лондон, веќе е јасно дека нашата татковина е рамноправен член на моќната глобална заедница, напиша Жерновски на ФБ статусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Доделени клучеви за вселување во типските куќи во Штип
-

Општина Ново Село започнува проект за дигитализација на сите општински услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Предлог-буџетот утре на амандмантска расправа
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска
-

Преглед на вестите од светот
-

Извештајот за напредокот на Македонија презентиран во Парламентот
