Жан-Клод Јункер: Миграциската криза е на „пресвртна точка“
Миграциската криза во Европа се наоѓа на „пресвртна точка", благодарение на договорот со Турција за запирање на илегалната миграција, кој ги покажува првите резултати, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за медиската група „Функе“.
Според договорот со ЕУ, Турција се согласи да помогне во одвраќањето на нелегалната миграција кон Европа во замена за забрзани преговори за членство, укинување на визите и финансиска помош.
Јункер изјави дека договорот склучен во март, веќе и помага на Европа да ги управува подобро миграциските текови. - Ние сме на пресвртна точка, изјави претседателот на Европската комисија.
- Договорот со Турција има ефект и бројот на мигрантите се намалува значително", додаде тој.
Јункер ја критикуваше одлуката за поставување ограда на грчко-македонската граница.
- Не го делам ставот дека оваа ограда или поставувањето огради воопшто во Европа, може да придонесе за долгорочно решавање на миграциската криза, изјави претседателот на ЕК.
- Ограда може да ги спречи бегалците да се движат, но ниту една ограда или ѕид не се доволно високи за да се откажат овие луѓе да дојдат во Европа, кога бегаат од војна и насилство во својата татковина, коментира Јункер.
Ново на Сител
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители
-
ДСЗИ констатира незаконско работење на Токсикологија – лица без договор за работа давале здравствени услуги
-
Супервештачење за случајот Веапоска која остана без три органи
-
Ученикот кој претепа наставничка ќе биде префрлен во друго училиште
-
Просечната плата помала за 5 евра, трошоците зголемени за 20 евра - синдикалната кошничка надмина 1.000 евра
-
Протест во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот