Џет-Сет
28. December 2016 - 17:51

Жал ми е, јас сум крив - Авторот на „Престолите“ ја предвиде смртта на славните во 2016

Оваа кобна година многумина долго ќе ја паметат, со оглед на тоа дека починаа некои од најголемите музички и филмски великани од нашето време.

Изгледа дека писателот Џорџ РР Мартин веќе од почетокот на годината насети како ќе се одвиваат работите, па ја започна со пригоден твит. Мартин е познат по својата суровост кон ликовите од своите дела, па така неговиот твит беше речиси како пророштво.

Бидејќи на јунаците на своите дела често им ги одзема животите, се пошегува со корисните на социјалните мрежи дека тој лично ја режирал 2016 година. Со оглед на тоа што не престанаа да стигнуваат вестите за смртта на славните личности во текот на целата година, писателот неодамна се пошегува на својот јануарски твит.

-Жал ми е, напиша тој.

Серијалот на Мартин „Песна на ледот и огнот“, по кој е снимена најпопуларната серија на денешнината „Игра на престоли“, е една од најчитаните епски фантазии на денешнината.