Бизнис
27. January 2019 - 20:04

Зголемувањето на минималната плата добро за работниците, но ќе значи нов удар за работодавачите

Новото зголемување на минималната плата е добро за работниците, но станува збор за популистичка мерка, сметаат од Конфедерацијата на слободни синдикат. Оттаму велат, потребна е долгорочна стратегија за развој на економијата.

Стопанствениците сметаат дека за ова прашање мора да дискутираат сите заседнати страни, и синдикатите и стопанството. Работодавачите велат дека зголемувањето на платите е добро за работниците бидејки ќе бидат помотивирани, но со тоа ќе се зголемат трошоците за водење бизнис.

Од КСС и во ова гледаат можност за изгрување на законот, работодавачите да исплаќаат минимална плата, а потоа работниците да им враќаат пари. Бошков, пак, се надева оти до такво нешто нема да дојде.

Според неофицијалните информации до кои дојде Сител минималната плата од 12 колку што изнесува сега ќе се покачи на околу 14 илјади денари, но не се знае кога ќе стапи во сила. Премиерот Заев очекува со новото зголемување на минималната плата да порасне и просечната плата. Тој уште еднаш вети дека до крајот на мандатот таа ќе изнесува 500 евра.