Македонија
30. November 2021 - 10:36

Зголемени водостоите на Охридското и Преспанското Езеро

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на останатите две природи езера се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е за 11 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е пет сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), а на Преспанското Езеро е за 1,63 метри понизок од просечниот и е 13 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).

Нивоата на реките во земјава се во рамките на просекот и бележат зголемување во споредба со вчера. Најизразено зголемување на водостојот има Црна Река на мерното место кај Новаци, каде нивото е двојно повисоко во споредба со вчера.