Зголемен водостојот на Крива Река и Пчиња
Поради обилните врнежи од дожд во североисточниот регион, Крива Река се излеа на неколку места во кумановско и предизивика штета на земјоделска обработлива површина и на шест викендици во реонот на Јачинце и Клечовце, соопштија денеска од РЦУК Куманово.
На терен во Јачинце во моментов се екипи на кумановската подружница на АД „Водостопанство Кумановско-Липковско Поле“ и преставници од СВР и подружницата на Дирекција за заштита и спасување кои ја согледуваат состојбата на терен.
- Зголемен е водостојот на Крива Река поради обилните врнежи во кривопаланечкиот регион, кои предизвикуваат проблеми во кумановско. На поедини места има излевање и поплавено е земјоделско земјиште. Во моментов не може да се интеревенира, бидејќи водостојот е зголемен и не можат да се пушат машините, штом се намали веднаш ќе интеревенираме, изјави директорот на подружницата Филип Филиповски.
И во општина Старо Нагоричане има излевање на реката Пчиња на потегот кај Стрновац кон бањата, кај Драгоманце.
- Во моментов екипи се на терен и може да се каже дека патот кон село Добарача целосно е поплавен не може да се помине ниту со возило, изјави Дарко Митровски од Кризниот штаб од општина Старо Нагоричане.
Од кумановската Дирекција за заштита и спасување информираат дека има и кртична точка на Пчиња кај Меморијалниот центар АСНОМ, каде што превентивно ќе делува општината Старо Нагоричане.
Инаку, во кумановско изминатата ноќ наврнаа 19 литри дожд на метар квадратен, но водостојот на реките е зголемен поради обилните врнежи во соседните региони.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација