Македонија
3. July 2016 - 9:44

Зголемен интензитетот на сообраќај надвор од градските средини

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури се препорачува патување во раните утрински и вечерни часови, правење почести одмори и конзумирање повеќе безалкохолни пијалоци.