Македонија
3. February 2017 - 12:10

Зголемен бројот на заболени од грип во Крива Паланка и Ранковце

Бројот на заболени од грип на подрачјето на Крива Паланка и Ранковце во јануари е зголемен во однос на претходниот месец. Во јануари биле регистрирани 58 случаи на  заболени од грип.

- Пријавувањето на заболени, продолжува и понатаму. Овој месец на ниво на општините Крива Паланка и Ранковце има 58 заболени од грип. Во споредба со месец декември кога сме имале 38 заболени, бројто е зголемен за 20 случаи, но споредено со јануари минатата година имаме значително зголемен број бидејки истиот период  во 2016 имало  само 11 регистрирани случаи, изјави Елена Крстевска од хигиено-епидемиолошката служба на ПЕ Центар за јавно здравје Крива Паланка.

Во однос на возрасната популација од вкупно 58 заболени, 46 случаи се на возраст од 15 до 64 години.

-Повторно најзафатена возрасна група е од 15 до 64 години, но има и 12 заболени од грип на возраст над 65 години. Препорачуваме граѓаните да ги следат препораките за избегнување контакт со заболени од ова вирусно заболување како и поголеми собири, а секако, да внесуваат и доволно витамини и течности, додаде Крстевска.

Бројот на заболени од грип се очекува да се зголемува, бидејќи според статистиката од минатата сезона на пријавување бројот на регистрирани случаи бил најголем во месец февруари