Свет
10. February 2017 - 18:11

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Филипините

Земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, јави ТАСС, повикувајќи се на Геофизичкиот институт на САД. 

Силниот земјотрес се случил на длабочина од 10 километри под морското дно, со епицентар на 96 километри северно од градот Бутуан, што се наоѓа на брегот на јужниот остров Минданао. 

Засега нема податоци за жртви и нанесени материјални штети.