Свет
10. January 2018 - 8:34

Земјотрес со интензитет од 7,6 степени го потресе Карипското Море северно од Хондурас

Земјотрес со интензитет од 7,6 по Рихтеровата скала погоди област во Карипското Море, северно од Хондурас.

Објавена е опасност од цунами во реонот на потресот.

Епицентарот бил на длабочина од 10 км на 2020 км североисточно од градот Пара Патука во Хондурас.

Земјотресот е регистриран во два часот и 51 минута по Гринич.

Според податоците на Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами, можни се опасни бранови во радиус од илјада километри од епицентарот. Нема информации за жртви или материјална штета.