Свет
25. јуни 2017 - 8:54

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени во Јапонија

Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистиран во централна Јапонија.

Американскиот геолошки институт објави дека епицентарот на земјотресот бил на 10 километри длабочина, на околу 30 километри западно од Ина во префектурата Нагно.

За сега нама информации за евентуална штета или повредени лица.

Не е издадено предупредување за појава на цунами.