Балкан
22. April 2020 - 11:21

Земјотрес од 4.4 степени на грчкиот остров Крит

Околу часот утрово по локално време, на грчкиот остров Крит бил регистриран земјотрес со јачина од 4.4 степени според Рихтер, без засега да има информации за материјална штета или повредени.

Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил осум километри источно од градот Ситиа во источниот дел на островот.