Свет
16. September 2018 - 13:09

Земјотрес на западниот брег на Австралија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во водите на едно езеро во близина на западноавстралискиот крајбрежен град Волопол.

Земјотресот се случил во 5.56 часот по средноевропско време на длабочина од два километри под езерското дно, со епицентар на околу 280 километри јужно од главниот град на сојузната држава Западна Австралија, Перт. 

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не постои ниту опасност од појава на цунами.