Земјоделците да плаќаат закуп за државно земјоделско земјиште, апелираат од ПЕ на МЗШВ Куманово
Од Подрачната единица на МЗШВ Куманово ги повикаа земјоделците кои имаат склучено договори за закуп за државно земјоделско земјиште навреме и во целост да го плаќаат долгот кој произлегува од договорот за закуп за користење на државно земјоделско земјиште.
Оттаму нагласуваат дека согласно Законот за земјоделско земјиште и Закон за изменување и дополнување на законот за земјоделско земјиште содржани се одредби со кои се дефинира обврската за навремено плаќањето на закуп за државното земјиште кое го користат земјоделците, врз основа на склучени договори за закуп на државно земјоделско земјиште.
–Сакаме да ги информираме земјоделците кои имат склучено договор за закуп на државно земјоделско земјиште, дека рокот за плаќање на закуп согласно член 19, став 1, од Законот за земјоделско земјиште и согласно склучениот договор е до 31 јули во тековната за претходната година, а за постарите договори е 31 декември во тековната година-повикаа од подрачната единица. Одредбите од измените на законот направени од Законот за земјоделско земјиште, за секое задоцнето плаќање по законски утврдениот рок, предвидуват да се пресметува законска казнена камата за период од денот на плаќање до законски обврзувачкиот рок за плаќање. Покрај одредбата за пресметка на законски казнена камата, доколку не се подмири долгот во предвидениот рок за плаќање на закупот и по добивање на опомената за плаќање, со измените се предвидува и раскинување на договорот како крајна мерка, велат од Подрачната единица на МЗШВ Куманово.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња