Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“

Шест земји членки на НАТО, што се соседи на Русија, се согласија да изградат „ѕид од беспилотни летала“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, соопшти синоќа литванската влада.
„Тоа е сосема нова работа, ѕид од дронови што се протега од Норвешка до Полска. Целта е да се користат беспилотни летала и други технологии за заштита на нашите граници“, рече литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите. Таа го изјави ова по разговорите со колегите од другите балтички земји, Естонија и Латвија, како и Финска, Норвешка и Полска.
„Не се работи само за физичка инфраструктура, системи за надзор, туку и за беспилотни летала и други технологии, што ќе ни овозможат да се заштитиме од провокации од непријателски земји и да го спречиме шверцот“, додаде таа.
Покрај распоредувањето на дронови за следење на границата, тие земји би користеле системи за пресретнување непријателски беспилотни летала.
Литванската министерка не спомна врмеенска рамка за проектот, што беше одобрен поради актуелните безбедносни грижи во регионот во време на руската војна во Украина.
Ново на Сител
-

Буџетот на Град Скопје на дневен ред на денешната седница на Советот
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје
-

Собранието треба да го одржи продолжението на 92. пленарна седница
-

Трамп за Иран: Победивме, но не сакаме да си одиме предвреме
-

Пет бродови нападнати во Персискиот Залив и Ормускиот Теснец
-

Почина Кирил Поп Христов – Кили
-

Сончево и топло, наутро - 4 степени, преку ден до 21
