Зеленски: Во Донбас нема да има втора Сребреница
Украинскиот претседател Володомир Зеленски изјави дека во Донбас нема да се случи Сребреница, бидејќи Украина е „поинаква земја која ги почитува своите граѓани“.
-Ние сме поинакви луѓе, слободни, демократски. Сфаќаме дека таму живеат Украинци. И ние ги почитуваме граѓаните на Украина…. Нема да има никаков масакр…Ние сме поинаква влада. За нас е најбитен човечкиот живот. Затоа, не ги примам таквите заклучоци, истакна Зеленски во интервју за телевизијата „1+1“.
Рускиот претседател Владимир Путин пред три дена изјави дека во Донбас може да се случи втора Сребреница доколку Киев воспостави контрола врз границата со Русија, а пред тоа да не ја обезбеди заштитата на граѓаните на Донбас, пренесоа руските медиуми.
Зеленски, исто така, смета дека некои точки од договорот од Минск можат да бидат променети, а посебно оние што се однесуваат на граничната контрола.
-Минаа четири години од Минск. Се се менува во нашите животи. И ние сфаќаме дека не ние, како администрација, сме го потпишале Минск, но ние, како влада, сме должни да ги исполниме условите на кои тогашната влада се обврзала, изјави Зеленски.
Тој додаде дека, сепак, е сигурен дека некои работи можат да се променат.
-Некои работи ќе ги смениме, бидејќи токму предавањето на украинската државна граница под наша контрола после изборите, што дефинитивно е наш став, истакна украинскиот претседател.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок