-->
-->
Зеленски со порака до ЕПЗ: Украина треба да победи за да спречи руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага
-->
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од европските лидери уште оружје за да ги спречи руските тенкови да стигнат до Варшава или Прага, пренесоа француските медиуми.
Зеленски изјавата ја даде седум месеци откако руските сили ја нападнаа Украина. -Мораме да го казниме агресорот, рече тој во видео пораката–на денешната прва средба на 44-те европски лидери кои во Прага се собраа на првиот самит на Европската политичка заедница.
„Оваа војна мора да се добие сега за руската флота да не може да ги блокира останатите пристаништа во Црното Море, Медитеранот или кое било друго море. За да не можат руските тенкови да напредуваат кон Варшава или Прага“, нагласи украинскиот лидер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово