Свет
5. February 2023 - 9:01

Зеленски: Ситуацијата на фронтот станува се потешка

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на фронтот на истокот на земјата се влошува и дека Русија „фрла се повеќе војници во борбата“.

„Честопати морав да кажам дека ситуацијата на фронтот е тешка и дека станува се потешка... Тие вложуваат сè повеќе од своите сили во разбивање на нашата одбрана. Сега е многу тешко во Бахмут, Вуледар, Лиман и други правци“, рече Зеленски во своето обраќање.

Руските сили се обидуваат да добијат контрола врз градот Бахмут, се борат за контрола на блиската рута за снабдување на украинските сили и се обидуваат да го заземат рудникот за јаглен Вукледар, на околу 120 километри југозападно од Бахмут, во источниот регион Доњецк.