Џет-Сет
21. February 2018 - 12:43

Зејнеп од „Карасевда“ е опасно жешка во приватноста

Приказната за животот на Зејнеп од турската серија „Карасевда“ не е многу поразличен и во реалноста, барем кога станува збор за актерството.

Иако по професија е дипломиран биолог, таа случајно влегува во филмската индустрија во Турција.

Нејзиното име е Хазал Филиз Кучукосе и е родена во 1988 година, а неколку години по завршувањето на  високото образование, еден филмски режисер случајно ја забележува на социјалните мрежи и и нуди да почне да учи глума.

По неколкумесечни актерски подготовки на курс, таа активно добива улоги во серии, од кои денес има снимено десетина.

Ја нарекуваат турската Кетрин Зета Џонс, а веруваме ќе се сложите во тоа откако ќе ги погледнете нејзините приватни фотографии на кои е доста поразлична од онаа Зејнеп која ја запознавме во серијата.

Инаку, Хазал минатата година се разведе од својот сопруг, Туан Тунал со кого  стапи во брак во 2014 година.