Здружението Билка повторно бара легализација на канабисот за лична употреба
Легална употреба на канабисот до 50грама и дозволено одгледување до 3 стебла за рекреативна употреба, формирање на посебна агенција за канабис, формирање на институт за канабис при факултетот за земјоделство, освен јавното здравство дозвола за препис на лекови да има и приватното здравство. Ова се барањата на здружението Билка за употребата на канабисот во земјава. Активистите велат дека доколку надлежните ги прифатат нивните барања државата би имала економски и здравствени бенефити.
Еден од основачите на Билка, адвокатот Јанаки Митрoвски вели дека побарале средба со премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за правда Бојан Маричиќ, но одговор до сега не добиле. Инаку денеска и утре се одржува првиот македонски канабис форум.
Елена Милошевска
Ново на Сител
-
Излезноста до 18 часот е 47,61 отсто
-
Затворени гласачките места за првиот круг од претседателските избори
-
Утре повеќе села и населби ќе останат без струја во Скопје
-
Бајден го потпиша законот за 61 милијарда долари воена помош за Украина
-
Бајден го потпиша законот за ТикТок
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот