Џет-Сет
14. August 2016 - 9:29

Збогум на легендата, почина познат актер

Британскиот актер Кени Бејкер, кој во шест филмови „Војна на ѕвездите“ ја играше улогата на роботот „Р2-Д2“, почина во 82 година од животот по долго боледување, соопштија членови на неговото семејство.
Бекер улогата на роботот ја доби во првиот филм „Војна на ѕвездите“ во 1977 година.

Висок само 112 сантиметри Бејкер почна да настапува со 16 години. Работел како кловн во циркуз, пантомимичар и забавувач во ноќни клубови.

Бејкер е татко на две деца и тој живееше во Престон. Неговата сопруга Ајлин почина во 1993 година.