Завршува реконструкција на кровот на спортската сала во ОУ „Ванчо Прќе„ во Штип
Во Општинското основно училиште „Ванчо Прќе“ во тек е реконструкцијата на кровната конструкција на спортската сала, во која над 1.000 ученици ја изведуваат наставата по физичко образование и воспитание. Директорката на ООУ „Ванчо Прќе“, Весна Ничева вели дека оваа инвестиција од 1.100.000 денари се реализира од буџетот на Општина Штип.
- Оваа календарска година ја заокружуваме со еден одличен проект, промена на кровната конструкција на спортската сала. Пред извесен период кога ги променивме прозорците најавивме дека се надеваме на уште еден голем зафат, кој најдоцна до утре ќе го завршиме и тоа благодарение на Општина Штип, вели Ничева.
Таа истакна дека во текот на годината реконструирани се и соблекувалните и прозорците во спортската сала, со што учениците добија современи услови за одвивање на наставата по физичко образование и воспитание.
Ново на Сител
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март