Македонија
19. December 2019 - 9:35

Завршна конференција на проектот ,,Жените имаат права!’’

По повод завршувањето на проектот „Жените имаат права!’’, Хелсиншки комитет за човекови права денеска организира конференција, на која ќе бидат промовирани проектните достигнувања во изминатите две години и ќе се афирмира важноста на поднесената индивидуална претставка до Комитетот ЦЕДАВ.

На конференцијата е предвидено да се обратат Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Благородна Шопова од ОН Жени.

Проектот ,,Жените имаат права!’’ е имплементиран од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на регионалната програма на Европската Унија и ОН Жени „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми– промена на ставови“.